Како да користите електронски обрасци

Користите електронски обрасци за да се пријавувате за услуги, да плаќате сметки или да купувате онлајн. Можете да ги користите дури и за да нарачате вечера!

Што е електронски образец?

Електронскиот образец е ист со традиционалните обрасци, но го пополнувате со компјутер наместо со пенкало. Голем број владини агенции, банки, продавници и услуги користат електронски обрасци. Електронските обрасци имаат многу предности, како што се:

  • одговарање на прашања со еден клик на глувчето
  • пополнување и поднесување на образец во секој момент од денот
  • нема потреба да го чекате поштарот или да плаќате поштарина за да поднесете образец
  • кратко време на одговор – повеќето услуги ќе ви одговорат во рок од секунди откако ќе го добијат вашиот образец.
Илустрација од нарачка за пица на лаптоп.

Речиси сите обрасци работат исто, но сите тие користат исти типови елементи коишто вклучуваат:

  • полиња за текст – наречени текстуални полиња (text fields), во кои можете да внесете информации уникатни за вас, како што е вашето име, адреса на е-пошта или коментари и повратни информации
  • радио-копчиња (radio buttons), полиња за избор (checkboxes) и паѓачки списоци (drop-down lists) во коишто можете да кликнете за да изберете фиксен избор опции.

Пополнување детали

Можеби ќе треба да пополните електронски образец за регистрација за да користите некоја интернет-локација или услуга. Еве што можете да очекувате:

  • пополнете ги бараните информации во текстуалните полиња
  • сите полиња означени со ѕвездичка (asterisk) (*) се задолжителни
  • обично ќе треба да смислите некоја лозинка. Изберете некоја што е лесно да ја помнете, но другите не можат да ја погодат. Комбинацијата од букви, големи и мали, и бројки, ќе биде побезбедна
  • кога пишувате белешка, таа на екранот обично ќе се замени со ѕвездички, така што никој да не може да ја види
  • понекогаш, кога почнувате да пишувате во некое поле, компјутерот може да ви предложи како да го пополните тоа поле. Тоа е наречено автоматско пополнување (auto complete). Бидете сигурни дека предложеното е тоа што го сакате пред да го прифатите
  • некои обрасци имаат временски рок за пополнување. Бидете сигурни дека она што ви треба ви е при рака
  • некои обрасци ви дозволуваат да поставите документ, на пример, биографска белешка или лекарска потврда. Следете ги упатствата во образецот.

Повеќекратен избор

Електронските обрасци ви овозможуваат да внесувате текст во полиња и да избирате опции од неколку различни видови списоци. Пораките може да вклучуваат:

  • паѓачки списоци (drop-down lists), каде што можете да изберете една ставка од подолг список со опции, на пример година на раѓање
  • рамки за списоци (list boxes), кадешто можете да изберете повеќе од една опција од подолг список со опции
  • радио-копчиња (radio buttons), кадешто можете да изберете само едно од еден пократок список со две или повеќе опции
  • полиња за избор (checkboxes), кадешто можете да штиклирате повеќе од една опција од список со две или повеќе опции.

Што ќе се случи ако кликнете на грешна ставка во список? Можете да ги коригирате електронските обрасци пред да ги поднесете:

  • ако грешката се наоѓа во паѓачки список или опција со радио-копче, кликнете на точната ставка за да ја коригирате
  • ако се работи за поле за избор, тогаш треба да кликнете на грешната ставка за да ја поправите грешката, а потоа да кликнете на правилната ставка.

Како да поправите грешка

Голем број електронски обрасци го проверуваат она што го внесувате кога го поднесувате:

  • ако сте пропуштиле некое потребно поле (означено со ѕвездичка (asterisk)), образецот обично ќе ја нагласи грешката и ќе ви побара да го пополните пред да ви дозволи да го поднесете
  • ако треба да се вратите не некоја претходна страница од образецот, побарајте го копчето Назад (Back) во образецот или интернет-страницата, наместо да ја користите стрелката за назад на интернет-прегледувачот.

Голем број обрасци ви помагаат да избегнувате да правите грешки на почеток. Некои обрасци вклучуваат функција за пребарување што може да го најде вашиот поштенски број или адресата според информациите што сте ги напишале. Не заборавајте да кликнете на копчето Поднеси (Submit) кога ќе завршите со пополнувањето на образецот.